Реконструирани тоалетите во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј

Завршија работните активности за реконструкција на тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.

Извршена е нивелација на подовите во тоалетите, поставени се нови подни плочки и извршена е демонтажа и монтажа на санитраните елементи.

Активностите се реализирани со средства од буџетот на Општина Охрид во рамки на Програмата за капитални инвестиции во областа на основното образование.


WebOhrid / 23.11.2022 / Општина Охрид