Реконструкција на улицата во поранешната касарна

Деновиве започнаа работни активности за комплетна реконструкција на улицата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ од  улицата „Кленоец“ до населбата  „Радојца Новичиќ“.

Проектот за реконструкција предвидува асфалтирање на коловозната лента и изведба на тротоари. Исто така, улицата ќе добие и нова сигнализација и осветлување.

Овие активности се дел од годишната Програма за Уредување на градежно земјиште и за оваа намена се издвоени околу 13 милиони денари од буџетот на Општина Охрид.

Градежните работи на терен ги изведува фирмата АД „Илинден“ Струга.