28/03/2024
Спорт

Резултати на ШК Ласкер на државните првенства за млади

Од 25 до 29 август 2020 во Охрид се одржаа државните првенства за млади по категории (девојчиња и момчиња U8/G8, U10/G10, U12/G12, U14/G14, U16 и U18/G18).

На првенствата за млади на РС Македонија за 2020 учествуваа 10 млади шахисти на ШК Ласкер Охрид, постигнати се следните резултати и тоа:

Зимоски Надалина второ место во категорија G8,

Шапкароски Михаил 7 место категорија U8,

Николовски Михаил 5 место категорија U12,

Матески Стефан 6 место категорија U12,

Лушеска Емилија 4 место категорија G12,

Матески Јулиан 6 место категорија U14,

Лушеска Елена 4 место категорија G14,

Лушески Константин 5 место категорија U16,

Николовски Бранко Никола 8 место категорија U16,

Целески Никола 9 место категорија U16.

Наградите ги додели претседателот на Шаховската федерација на Македонија Благоја Богоевски.

„ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Сетекс Охрид и Рентакар Ескапе Охрид. Голема “благодарност” до Хотел Метропол чиј менаџмент не дозволи нашите членови да влегуваат на паркингот од хотелот со возилата на нивните родители, зарем вака го поддржувате спортот, секоја чест.“ – велат од ШК Ласкер Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: https://chessresults.com/fed.aspx?lan=21&fed=MKD