20/04/2024
Спорт

Резултати од I Општинско првенство во шах „7 Ноември 2021“

На I Општинско првенство во шах „7 Ноември 2021“ учество зедоа 23 шахисти од Општините Охрид и Дебарца, турнирот се одржа во просториите на ООУ „Братство Единство“ Охрид, се играше во 9 кола Швајцарски систем со темпо на игра 10 мин + 5 сек на секоја потег.

Најуспешен беше Методија Анѓелкоски со освоени 7 поени од 9 партии, второто место го освои Константин Лушески со 6,5 поени, а третото место Јана Анѓелкоска исто така со 6,5 поени.

Турнирот се играше во чест на одбележувањето на ослободувањето на Охрид.

„Се надеваме дека учесниците беа задоволни од организацијата на турнирот и истиот би сакале да прерасне во традиционален турнир кој ќе се одржува секоја година. Голема благодарност до нашите подржувачи ООУ Братство Единство Охрид, Општина Охрид, Хотел Су Охрид, Арс Ламина Скопје, Рента кар Ескапе Охрид.“ – соопштуваат од ШК „Ласкер“ Охрид.