18/04/2024
Спорт

Резултати од одржаниот турнир во шах I Рапид турнир Езерски Бисер 2022

Денес, (06.03.2022) во ООУ „Братство Единство“ Охрид се одржа турнир во шах за шахисти од општините Охрид, Дебрца, Струга и Вевчани.

Турнирот за отворен го прогласи Перчо Божиновски советник во Општина Охрид, кој од име на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид им посака успех и фер борба на шахистите.

На турнирот учествуваа 16 шахисти и притоа беа постигнати следните резултати.

Љупчо Попаѓоски го освои првото место со 6 поени од 7 партии, Александар Алексовски го освои второто место со 6 поени, но послаб бухолц, а третото место му припадна на Ерол Су со освоени 4,5 поени.

Сувенирот за прво место е донација на познатата охридска фамилија изработувачи на Охридски бисер Филеви, благодарност до ООУ „Братство Единство“ Охрид за целокупната поддршка која ја дава на ШК Ласкер Охрид.

ШК Ласкер Охрид финансиски е поддржан од Општина Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/ како и на https://chess-results.com/tnr562611.aspx?lan=1&art=1&flag=30


WebOhrid / 06.03.2022 / ШК Ласкер Охрид