18/04/2024
Охрид

Ритмички круг – заедно како едно срце во Пештани

Утре на сред село во Пештани (или училишниот хол, во зависност од временските услови) ученици, наставници, родители и сите заинтересирани граѓани од Пештани и Охрид, ќе се здружат во ритмички круг и преку ритам ќе соработуваат, ќе создаваат хармонија и ќе „чукаат како едно срце“.

Настанот ќе биде со почеток во 12:00.

Во сорабoтка со музичари тапанари/перкусионисти и граѓаните проектот „Ритмичкикруг – заедно како едно срце“ ќе изведе јавен ритмички круг сред село во Пештани. Овој настан ќе го води Проф. Илија Стојаноски на кој сите присутни ќе соработуваат, заедно ќе создаваат хармонија и ќе „чукаат како едно срце“.

Настанот го организира Центарот за заедничка основа во соработка со ОУ „Свети Наум Охридски“ Пештани – како дел од иницијативата Нов културен бран подржан од Министерството за Култура на Република Македонија.