РК „Охрид“ засилен со седум млади ракометари

Ракометниот клуб „Охрид“, денеска, се засили за уште седум млади играчи. Наум Костов, Николче Ристески, Мартин Иваноски, Кристијан Димитриески, Јован Трајкоски и Михаил Иваноски се ракометарите којшто потпишаа четиригодишни договори со клубот. Сите тие доаѓаат од младинската екипа на клубот.

„Сакам да им честитам на седумте ракометари кои потпишаа четиригодишни договори и да им посакам многу среќа оваа сезона и следните кои престојат. Нив им останува да се фокусираат во тренирањето и играњето ракомет, а ние продолжуваме по зацртаниот пат кој го ветивме. Сениорската екипа ја формиравме со домашни играчи и две странски засилувања кои ни беа неопходни“ – изјави Горан Недески.

Подготовките на ракометарите за претстојната сезона течат според планот, а предвидено е во наредниот период да одиграат и неколку контролни натпревари.