29/03/2024
Македонија

Шахпаска на онлајн настан по повод 25 ноември – Меѓународниот ден против насилство врз жените

Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25 ноември денеска се оддржа онлајн настан насловен „Нулта Толеранција за насилството врз жените и семејното насилство“.

Настанот го отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, а активно учество земаа и министрите од МОН, МЗ, МВР, Царовска, Филипче, Спасовски, како и државниот секретар на МП, Тасевска и претставници од меѓународните и граѓански организации, Росана Дуџиак, (UN Resident coordinator), Весна Ивановиќ Кастареде(UN WOMEN), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и останати учесници.

„Овој ден не треба да се чествува,затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам,туку борбата против насилството врз жените,  родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како оопштество да трае во континуитет“, истакна министерката Шахпаска на почетокот на  своето обраќање.

Таа се осврна на историскиот момент на жената во семејството, родовите стереотипи, подредената позиција на жената и доминацијата на мажот кога се работи за функционирањето на семејството како основна општествена клетка.

„За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња, потребно е спроведување на сеопфатна политика, за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото.Токму затоа како министерство посветено работиме за подобрување и креирање на национални политики, превенција и заштита на жртвите на насилство,“ посочи Шахпаска.

Таа потенцираше дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година, значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

„Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен  статус,ниту верска или политичка определба.Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме , да превенираме и заштитиме,“ истакна Шахпаска.

Министерката зборуваше за значењето на новиот Предлог- Закон, кој во себе вклучува превенција, механизми на спречување и зштита од насислтво, но исто така и санкции за непостапување со должно внимание и за институциите , во спротивно жртвата има можност да поднесе тужба за непостапување  и се однесува на сите кои се вклучени во процесот за реагирање при насилство како Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Образование и наука, за Внатрешни работи, Органите на државна управа, се до единиците на Локална самоуправа.

„Ве повикувам, сите ние, не 16  туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство“, порача министерката Шахпаска.​