19/04/2024
Охрид

Шајн: По 3.000 денари им следуваат и на сите средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години

Изјава на Ирена Шајн претставник на ЛК на СДММ Охрид, на тема Мерката помош на младите преку воведената ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА – КУПУВАМ ДОМАШНО

https://youtu.be/jlkCtBR6vI4

Драги млади и во време на Ковид -19 и пандемијата која не не одмина и нас Владата излезе со сет поддршки за сите категории граѓани па и за нас младите.

По 3.000 денари им следуваат и на сите средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години.

Станува збор за над 87.000 лица кои ќе добијат еднократно по 3.000 денари на платежната картичка.

Кои се условите? Едноставно е. Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ е без аплицирање и без дополнителни трошоци.

На страницата купувамдомашно.гов.мк можете да проверите дали сте корисници на домашната платежна картичка само со внесување на својот единствен матичен број.

Тие 3000 днеари издвоени за вас од Буџетот ќе можете да ги потрошите во: ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции. Но и во трговија на мало во продавници за храна и пијалаци, фризерски салони и салони за разубавување…

Издавањето на домашните платежни картички ќе трае до 18 јули.

Искористување на средствата од домашните платежни картички ќе е до 15 август 2020.

Тоа се 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија.

На овој начин сите придонесуваме да се зачуваат што повеќе работни места, да се спречи затворањето на компании, да се помогне што полесно и подобро да се справиме со кризата која ни ја донесе Ковид 19.

Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита.

Млади, чувајте се!