19/04/2024
Охрид

Санација на потпорен ѕид кај ОУ „Св.Климент Охридски“

Поради надворешните временски влијанија, еден потпорен ѕид кај ОУ „Св. Климент Охридски“ беше значително оштетен и претставуваше опасност за децата.

Денес се вршеа градежни работи за санација на ѕидот. Градежните работи ги изведува „Бокоп – Струга“, а вредноста изнесува 225.114,00 денари.