13/06/2026
Дебрца

Санацијата на патот Климештани-Ботун е во тек – возете внимателно!

Деновиве, паралелно со изградбата на автопатот Охрид-Кичево, со засилено темпо се работи и на патот Климештани-Ботун.

Санацијата на овој патен правец е од големо значење, бидејќи сè додека не се заврши изградбата на автопатот Охрид – Кичево, токму овој правец останува примарна и единствена врска за сообраќајот од Охрид кон Кичево (низ Дебрца), па затоа неговата функционалност е од суштинско значење.

Возачите кои се движат по оваа делница треба да бидат исклучително внимателни, да ја прилагодат брзината и строго да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци. Во моментов, голем дел од асфалтот е фрезиран и патот е подготвен за ново асфалтирање, што дополнително бара внимателно возење.

Со ова видео на нашите читатели им ја прикажуваме моменталната состојба и тековните активности на овој патен правец. Возете безбедно!