28/03/2024
Охрид

Саниран дефектот поради кој беше прекинат доводот на вода во Лескоец

Општина Охрид ги известува жителите на с.Лескоец, дека дефектот поради кој е прекинат доводот на вода до нивните домови е саниран.

Проблемот заради кој жителите на Лескоец сѐ уште немаат вода во своите домови се јавува поради целосното празнење на резервоарот. За полнење на резервоарот е потребно време, особено во време на суша па од тука и проблемот.

Од Oпштината ги уверуваат жителите дека се работи на решавање на овој проблем, а во меѓувреме на околу 50 домаќинства во Лескоец ќе им биде доставена техничка вода со цистерни како и вода за пиење.