20/04/2024
Македонија

Санкционирани 156 мотоциклисти

Во текот на вчерашниот ден (24.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 156 мотоциклисти.

Од нив, 33 возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 5 мотоцикли биле нерегистрирани, 102 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а 26 мотоцикли се исклучени од сообраќај. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Битола – 28, потоа на територијата на СВР Скопје – 22 и по 21 на териториите на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Струмица.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.