28/03/2024
Охрид

Сашо Донев е новиот претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид

Вечерва во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на месните комитети се изврши официјалното примопредавање на функцијата претседател на општинскиот комитет од страна на досегашниот Д-р Кирил Пецаков на новиот претседател Сашо Донев.

Имено со тоа се спроведе одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и дадената доверба од претседателот Христијан Мицкоски, Сашо Донев да биде новиот претседател на ОК на партијата во Охрид.

ВМРО -ДПМНЕ Охрид продолжува да биде отворена за секој граѓанин со желба за активизам и борба.