СДСМ: ДДВ за занаетчиски услуги го намалуваме од 18 на 5 отсто

Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Во период на сериозна глобална здравствена и економска криза, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, застанува зад секој поединец, зад секој приватен субјект кој е погоден од негативите последици.

Во четвриот пакет антикризни мерки, обезбедена е и поддршка за занаетчиите. Со мерката наменета за занаетчиите се предвидува намалување на ДДВ на нивните услуги и производи од 18% на 5% со што ќе се зајакне нивната конкурентност на пазарот.

На самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, и натаму им остануваат на располагање и другите мерки, како што е поддршката за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка

Новиот пакет антикризни мерки со цел полесно справување со последиците ид коронавирусот, предвидено е и намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалоци, со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна, од 18%.

Оваа мерка ќе започне од 1 јануари 2021 година, преку неа ќе се постигне намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, но и поголема ликвидност на услужниот сектор.

Почитувани,

И натаму остануваме целосно посветени на обезбедување поддршка на секој граѓанин и секоја компанија погодени од глобалната пандемија.

Покажавме дека никој не е сам. Владата предводена од СДСМ ќе помага уште повеќе, за да биде уште подобро за сите.