28/03/2024
Охрид

СДСМ: Имињата во новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ се докажани следбеници на погубната и поразителна политика на Груевски и фамилијата

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид ја испушти најдобрата шанса за демократизација и суштинска реформа на партијата.

Сметаме дека во најмала рака е иронично во соопштение со наслов “Нов состав на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид” да се појават вакви имиња. Дел од нив, нема да посочуваме бидејќи граѓаните најдобро ги препознаваат, се докажани следбеници на погубната и поразителна политика на Груевски и фамилијата. За дел, во тек се кривични постапки, а најголемиот дел се роднини и блиски пријатели на исвиркани политички моќници од централата кои очигледно не планираат да се откажат од влијанието во донесување на партиските одлуки по општинските комитети.

Жално но вистинито, овие промени многу наликуваат на фиктивните кадровски “реформи” на Груевски кои го доведоа на буништето на македонската политика.

Да нема недоразбирање, за СДСМ Охрид како политичка партија се добредојдени ваквите потези на опозицијата. Меѓутоа се штетни за државата. Најискрено се надевавме на една реформирана, конструктивна опозиција која ќе се врати на својата идеологија и идеолошки заложби од времето кога ВМРО ДПМНЕ беше политичка партија, а не продолжување на криминалното здружение кое го формира Груевски.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.