18/04/2024
Охрид

СДСМ: Крупните инвестиции во Економското училиште беа иницирани и реализирани до 2021 од тогашната Локална власт

„Оваа локална власт предводена од ДПМНЕ и Градоначалникот Пецаков очигледно веќе по инерција продолжува да се кити со туѓи перја, па без двоумење вчерашниот ден решија повторно да обременат со манипулантни искази за тоа што Општината превзела во економското училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ Охрид.

Да се почитува ПР-от на партијата е едно, но да се прикрива вистината е сосем друго. Фотографирањето и’ се замили во целост на оваа локална власт бидејќи очигледно се свесни дека само така можат да ја засенат својата неспособност, но никако да сфатат дека тоа веќе претставува само проста флоскула.

Непобиен факт е дека крупните инвестиции во економското училиште беа уште пред локалните избори до октомври 2021 година и сите беа иницирани и реализирани од тогашната локална власт предводена од СДСМ, за што сведочи фактичката состојба.

 Целокупно, доколку се погледнат Програмите за капитални инвестиции во основното и средното образование од оваа локална власта, во ставката: Извор на финансии, во 90% ќе се забележи дека сите финансии доаѓаат од БЛОК ДОТАЦИИ од МОН и Владата на РСМ, а не од сопствени средства како што тоа Пецаков го прикажува. МОН и Владата на РСМ не делуваат селективно кон општините, туку напротив видно ги помагаат сите општини во делот образование и капитални инвестиции.

Она што оваа локална власт досега го има како крупно направено за образовните институции е ангажирање на несоодветен кадар по училиштата, наставници на раб да ја изгубат деловната способност, раководни лица кои почитуваат исклучиво партиски одлуки.

Како што тргнала работата, а во име на популизмот на ДПМНЕ ништо чудно да очекуваме Пецаков да се пофали и дека ДПМНЕ им ја зголеми платата на наставниците изминативе 6 години за 39%.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.


WebOhrid / 16.02.2023 / ОО СДСМ Охрид