29/03/2024
Охрид

СДСМ најавува повисок младински стандард и до крајот на идниот мандат невработеност под 17%

Изјава: Бојан Михајловски, член на ИО на СДММ Охрид

СДСМ најавува повисок младински стандард и до крајот на идниот мандат невработеност под 17 проценти

Драги млади, понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места.

По победата на 15 јули носиме нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите.

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политки со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите денес изнесува 35,3% што е многу пониска од 2016 кога беше 48,6%.

Стапката на младинска неврабтоност до 2024 година идната Влада предводена од СДСМ ќе ја донесе под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега.

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за оваа 2020 година од 1,3 милијарди денари.

Директна поддршка на младинското и женското претприемништво, претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите.

Продолжува мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

Наша цел е севкупната невработеност да ја намалуваме за 3% годишно, со цел да стигнеме до едноцифрена стапка на невработеност на крајот на мандатот.

Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите – тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат економија, знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите од државата.

Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните.

Затоа на 15 јули изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски.

На 15 јули изборот е меѓу рекорден износ на странски инвестиции или некој нов Субрата Рој.

На 15 јули младите, одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите.

Гласајте за број три – МОЖЕМЕ уште повеќе, уште подобро! – истакна Бојан Михајловски, член на ИО на СДММ Охрид.