28/03/2024
Охрид

СДСМ најостро го осудува обивањето на просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Општинската организација на СДСМ, најостро го осудува синоќешниот инцидент во кој беа обиени просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

„Ги повикуваме органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот. Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, и во таа насока, очекуваме дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата.“ – стои во соопштението од ОО СДСМ Охрид.