29/03/2024
Охрид

СДСМ: Наместо да се одважат и да честитаат, ДПМНЕ продолжува да манипулира со граѓаните

„Денеска е голем, историски ден!

Република Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ!

По 17 години, конечно ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ.

Денеска во Брисел, се оддржа првата меѓувладина конференција, веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.

Македонскиот јазик е јазикот кој се слушаше и говореше денеска во Брисел!

Македонски јазик беше достапен и на официјалниот канал на ЕУ, а на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки.

Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

Наместо да се одважат и да честитаат, ВМРО ДПМНЕ продолжува да манипулира со граѓаните.

Сите нивни лаги и манипулации пропаднаа.

Граѓаните знаат дека заштитени се македонскиот јазик, идентитет и посебност и дека во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

ВМРО ДПМНЕ треба да смогнат сили да им се извинат на граѓаните за сите нивни лаги со кои повикуваа на протести и се обидуваа да го поделат народот! Со видлив “НЕ” натпис се шетаа пред и во законодавниот дом ветувајќи им на своите сопартијци дека ќе гласаат против… а што направија? По милионити пат ги излажаа своите членови и кукавично ја напуштија седницата.

Истите ни тогаш се радуваа за членството во НАТО, не честитаат ниту денес.

Но, СДСМ е партија која исполни уште една стратешка цел и ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, партија која во ниту еден сегмент нема да дозволи на било каков начин да се помати среќата која сите Македонци денес ја чувствуваат. Нема потреба од правдање пред својот народ… пред фактите и Боговите молчат!

За подобра иднина, за наши поколенија да ја имаат Европа дома!“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.


WebOhrid / 19.07.2022