20/04/2024
Македонија

СДСМ: Нека е честит Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, 9-ти мај!

На денешен беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја. Победата над фашизмот отвори нов период во историјата на Европа. Период на пријателство, соработка и интеграција.

Како што Македонија беше сплотена во антифашистичката борба, така денес е сплотена во мисијата за полноправно членство во ЕУ.

Денес на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа оддаваме почит кон минатото и истовремено одлучно чекориме кон иднината и подобар живот за сите, стои во соопштението на СДСМ.