25/04/2024
Охрид

СДСМ: Ние сме на прав пат, за нас ЗБОРОТ Е ЗБОР

Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Со посветеното и одговорно работење на локалната власт предводена од СДСМ, општина Охрид полека излегува од агонијата и виртуелниот должничко – доверителен круг кој трае со години наназад.

Вчерашната 34 седница на Советот на општина Охрид помина во знакот на донесувањето на одлуката  за ребаланс на Буџетот на општината за 2019 година.

ВМРО ДПМНЕ го блокира целосното усвојување на ребалансот со констатација дека Буџетот бил бесперспективен.

И по кој знае кој пат опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не покажа целосна конструктивност, туку и натаму работи против интересите на градот и граѓаните. Важно им е позитивното салдо да не оди на наше конто, туку само да ставаат сопки.

И не треба, во иднина да е чудно зошто и кој прави хаос и го кочи секојдневниот живот на граѓаните со тоа што не ги прифаќа предлог – одлуките кои чекаат зелено светло и се дел од буџетскиот колач?

Од 14 позиции предвидени со ребалансот опозицијата прифати само три.

Вчера, за среќа со мнозинство гласови, советот ја прифати предлог- одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон доверители со што  по долги години се доведе во завршна фаза деблокирањето на жиро сметката на училиштето.

Генезата на блокираната сметка е стар долгогодишен долг од извршно побарување по основ на судски спор од 1989 година по основ на денационализација на земјиштето на кое се наоѓа училиштето.

Опозицијата реагираше за кратењето, односно неискористените 1 милион и 600 000 денари во делот за реконструкција на објекти во основното образование. Знаат, ама сепак обвинуваат. Неискоритените средства се поради еден позитивен факт дека на тендерите се добиени далеку пониски цени. Тоа е доказ дека мина времето на високи понуди и скриени трошоци. Сега, се заштедува на тендери а тие средства се пренасочуваат таму каде што се потребни.

Да повториме се издвојуваат и дополнителни  2 милиони денари за отстранување на нелегално изградените објекти, согласно законите но и барање на УНЕСКО.

Со 800 000 денари ќе се помогне ФК „Охрид“, како  тоа дека ќе се набават нови возила, чистачи на мраз со што ќе се подобри хигиената во градов. Во ребалансот се предвидени и средства за изработка на 30 типски куќички како дел од унифицирана урбана опрема во општината.

Ќе има повеќе пари од централната власт во блок дотациите  за градинките и училиштата за повисоки плати.

Сето ова покажува за нашата верба  дека: Ние сме на прав пат, за нас ЗБОРОТ Е ЗБОР

Зборот даден на граѓаните за нас ВАЖИ.

На прав пат ја водиме општината!“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.