12/11/2024
Охрид

СДСМ Охрид подели 150 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства во пресрет на Велигден

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Велигден со желба во секој дом да се почувствува убавината, мирот и достоинството на човекот ОО на СДСМ – Охрид денеска спроведе хумана акција за донација на прехранбени намирници до социјално најзагрозените семејства на територијата на општиина Охрид.

Мобилните тимови составени од членови на највисокото партиско раководство предводени од претседателот на ОО СДСМ – Охрид, Лазе Таневски, пратеничката Жаклина Лазаревска и членови на СДММ од Охрид доставија прехранбени пакети до 150 семејства со социјален ризик независно од етничката припадност и религија.

Активистите на СДСМ – Охрид упатуваат јавна благодарност до фирмата „Емакс“ за помошта при транспортот на пакетите.

„Ова е уште еден знак на почит кон нашите сограѓани на кои мислиме секојдневно, особено сега во пресрет на Велигден и епидемијата од Ковид -19. Ние бевме кај нив и заминавме со пораката „Седете дома – тука сме за Вас“. Честитајќи им го празникот воедно ги замоливме нашите сограѓани да ги почитуваат мерките на Владата, да ја почитуваат хигиената и дистанцата, да не излегуваат од дома, додека поине опасноста од коронавирусот. Така ќе го спасат својот и нечиј живот. Среќен празник! Христос воскресе!“ – соопштуваат од СДСМ Охрид.