19/04/2024
Охрид

СДСМ Охрид со честитка по повод 7 Ноември

СДСМ Охрид упатува честитка по повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид.

„Почитувани сограѓани нека ни е честит и вековит 7 Ноември – Денот на ослободувањето на нашиот Охрид.

Охрид денеска и во време на пандемија од Ковид -19 го слави своето 76 слободарско раѓање.

Водени од идејата дека слободата е највредната придобивка за секој човек, десетици борци од Охрид пред 76 години ги положија своите животи во борбата за конечно ослободување на градот.

На 7-ми Ноември 1944 година помислата за ослободување на својот град од фашистичките окупатори и живот во слободен Охрид им ги полнеше срцата на многу борци од партизанските одреди и ги водеше во бескомпромисната решителна борба да се истера непријателот од сопствениот град, од сопствената татковина. За жал, голем број од нив не дочекаа да го видат Охрид ослободен.

Најголемиот дел од нив беа млади борци, чии имиња, јунаштво и дело останаа засекогаш врежани во спомените на генерациите, кои безмалку осум децении ги уживаат благодетите на слободниот живот.“ – стои во честитката од СДСМ Охрид.

Во нивна чест денеска делегација на ОО на СДСМ – Охрид се поклони и положи свежо цвеќе во Спомен паркот на револуцијата.