СДСМ Охрид: ВМРО ДПМНЕ критикува, а не зачистиле пред сопствената врата

ОО на СДСМ Охрид испрати реакција до медиумите во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Пред да се критикува и да се фрлаат дрвја и камења по другите народот убаво рекол – човек треба да си гледа што му се случува пред сопствените очи и куќа.

И денеска по којзнае кој пат раководството на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид преку својот гласноговорник Божиновски си пукаше самото во „нога“. Ја критикуваат локалната власт, градоначалникот Константин Георгиески, Јавното претпријатие Охридски комуналец и останатите, а не го исчистиле и ни сопствениот двор во кој ја одржаа денешната средба со новинарите.

Факт е фотографијата – таа не лаже.

Од друга страна Локалната власт предводена од СДСМ постојано и ангажирано работи врз расчистување на снегот, се чистат улиците и тротоарите и приодите во и надвор од градот.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ (снег и само стапалки) пред нашето седиште толку колку што се можеше е расчистено и ќе се чисти. Нашиот партиски подмладок од СДММ синоќа излезе на терен и со топол чај ги згреа вработените во Комуналец кои и на минусни температури работеа и работат низ градот.

Различни сме.“ – стои во реакцијата од ОО на СДСМ Охрид.