26/04/2024
Македонија

СДСМ: Продолжува грижата за земјоделците, откупени 90 отсто од производениот тутун со просечна цена од 214 денари за килограм

СДСМ испраати соопштение до медиумите, во кое стои:

„Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство, продолжуваат со грижата за земјоделците и обезбедување загарантиран откуп на производството.

Како што информира министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, откупени се 90 отсто од договорените количини тутун од реколтата 2018.

Просечната цена изнесува 214,36 денари за предаден килограм, а од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари.

Покрај тоа и за оваа реколта на тутун обезбедени се субвенции од 60, 70 и 80 денари по килограм во зависност од класата на тутунот.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките и политиките што го унапредуваат земјоделието и обезбедуваат повеќе пари кај секој земјоделец.“-стои во соопштението.