19/04/2024
Охрид

СДСМ: Со моќни жени до моќна држава

СДСМ – Охрид упатува честитка по повод Осми Март, а воедно и потсетуваат што прават за жените во Македонија.

„Спроти Меѓународниот ден на жената ние од СДСМ сакаме да потсетиме, што постигнавме досега на патот кон рамноправноста на мажите и жените во нашето општество.

Честитајќи Ви го празникот драги членки, симпатизерки, жени, сопруги, мајки, сакаме да ви покажеме дека не сте сами НА ПРАВИОТ ПАТ, туку со нас, со желбите за достоинствен живот на сите – посебно на жените во нашето општество.

Разградениот мозаик за нецели три години успеавме да го составиме со труд и визија. Решенијата до кои дојдовме се солидна основа за оставрување на мотото: „Со моќни жени до моќна држава“.

Го вративме правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.

Донесовме нов закон за прекин на бремноста усогласен со европските стандарди.

Активни сме на планот искоренувањето на насилството врз жените и домашното насилство. Тоа ќе е наш приоритет.

Ја ратфикувавме Истанбулската конвенција и донесовме Национален план за нејзина примена во перидот 2018 – 2023. Владата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство , целосно усогласен со одредбите од Истанбулската конвенција.

Се грижиме за жртвите на родово – базирано насилство. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси рамномерно распределени во сите плански региони во државата.

Ги ослободивме самохраните родитечи од партиципацијата во детските градинки – најчестото тоа се жени.

Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките.

Придонесуваме за поголема инклузивност на жените на пазарот на трудот.

Само во 2019 година 3991 лице од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жении, односно 52,7 проценти од вкупниот број на учесници се жени.

Се бориме за женскиот труд без дискриминација.

Со донесувањето на законот за минимална плата во 2017 година, за првпат, минималната плата беше изедначена во сите сектори, вклучително и во индустријата за текстил, кожа и чевли, во кои најголем процент од вработените се жени.

За првпат донесовме Упаство за справување со вознемирување на работно место , вклучително и сексуално вознемирување. Се воспоставија 35 родови советници во Министерството за одбрана кои ќе помагаат во следењето на состојбата.

Го подобруваме животот на жените од руралните средини.

Се отстранија сите дискриминаторни елементи на мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој . Во декември 2019 година Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објави повик за оваа мерка , преку кој ги поттикнуваме жените од руралните средини да станат менаџерки.

Финансиската поддршка е во износ од 180 .000 денари или 3000 евра во форма на грант. Оваа мерка како поддршка на жените – земјоделки се воведе за првпат, а целта е да се подобри економската состојба на жените и да се зголеми бројот на регистрираните жени – земјоделки кои подеднакво ќе придонесат за развој на земјоделството.

Се бориме против дискриминација на сите полиња во општеството.

Донесовме нов европски Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Се стремиме да создадеме држава со еднакви можности за сите, вклучително и за жените.

Така и нашето 50:50 во политиката е дел од тие стремежи.

Иако, не успеа да донесе законска регулатива, СДСМ како партија учеството од 50 отсто на жените во политиката ќе го спроведе на престојните парламентарни избори.

Честит 8 Март – бидете горди и достоинствени – патот кон градењето модерно општество не е лесен.

Драги жени Вие не сте само столб на семејството и домот Вашето постоење и активност не храбри сите.

Со моќни жени до моќна држава – НА ПРАВ ПАТ СМЕ!“ – стои во соопштението од СДСМ Охрид.