Се асфалтираат краци на улица „8-ми Март“

Денеска започнаа градежни активности за асфалтирање на краци од улицата „8-ми Март“.

Овие активности се дел од втората фаза за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година.

Во текот на наредниот период ќе се асфалтираат тесни улици и на уште неколку локации на територијата на општина Охрид.