19/04/2024
ДебрцаОхрид

Се одбележуваат 73 години од Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод 73 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, денес организираат прослава со следната:

ПРОГРАМА

09:15 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца

10:15 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца
– Полагање цвеќе
Пригодна реч на Наце Иваноски – професор по историја, на тема: Македонија во борбата против фашизмот.
Културно – уметничка програма.

11:15 часот- БЕЛЧИШТА
Полагање цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ.
Посета на спомен собата на НОБ.
Посета на ликовната галерија.