20/04/2024
Македонија

Се одржа четвртиот состанок на главниот координативен кризен штаб

На четвртиот состанок на главниот координативен кризен штаб, се дискутираа тековните состојби и најновите информации од Комисијата за заразни болести. 
Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување ја реферираа актуелната состојба на целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија.