Се одржа Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ во Охрид
Денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид се одржа регионалниот натпревар „Млади библиотекари“.
На натпреварот учествуваа 14 ученици од 6 основни училишта и тоа: „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, „Св.Климент Охридски“, „Дебрца“, „Ванчо Николески“ и „Св.Наум Охридски“ – Пештани.
Комисијата составена од нашите библиотекари: Никола Ристоски, Бети Лазеска – Симоноска и Елена Станкоска откако ќе ги прегледа тестовите ќе го соопшти и најдобриот млад библиотекар.
Тој ќе се стекне со право на учество на Републичкиот натпревар, кој ќе се одржи во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен на 15 мај.
