18/04/2024
Охрид

Се подигаат расчистените снежни наноси

Ј.П. „Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден започна со акција за товарење на расчистените снежни наноси од улиците во централното градско подрачје, а во текот на ноќта  се подигаа снежните наноси од чаршијата, плоштадот и пристаништето.

Активностите продолжуваат и во текот на викендов со покривање на поширокото градско подрачје.