29/03/2024
Охрид

Се подобруваат условите за работа во Центарот за култура во Охрид

Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид како организатор и незаобиколен фактор на културниот живот во Охрид и во неговата околина успешно развива бројни културни содржини.

Во изминатиот период поставени се две НОВИ инвертер клими во малата сала, со поставувањето на климите се подигнува нивото на услугите, подобрување на условите за работа на бројните облици на дејствување и активности, како и нормално функционирање, квалитетно извршување на секојдневните работни задачи, активности на вработените од Центарот за култура.

Исто така претапацирана е влезната врата од големата кино сала со што се добива подобра звучна изолација, подобар изглед и поинаква физиономија на просторот.