Се поништува Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите
Се известуваат граѓаните на општина Охрид, дека поради утврдени пропусти, воопштеност и недостаток на критериуми по основ на кои би се разгледувале поднесените апликации, СЕ ПОНИШТУВА Јавниот повик за финансирање проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите.
Се известуваат апликантите во периодот од 05.05.2025 година до 09.05.2025 година, да ги подигнат своите поднесени апликации во просториите на општина Охрид (канцеларија за советници) во период од 08:00 до 16:00 часот.
Лице за контакт: Магдалена Стојаноска
Тел.за контакт:071/561-203
WebOhrid / 28.04.2025 / Општина Охрид
