19/04/2024
Охрид

Се поставува фекална канализација во Лескоец

Деновиве се изведуваат градежни активност за поставување на нова фекална канализација во село Лескоец. Канализационата линија е во должина од 150 метри, а цевките се со дијаметар ф300.

Градежните активности ги изведува фирмата „Бокоп“, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во рамки на годишната Програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води.