19/04/2024
Охрид

Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро.

Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото.

На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради неприлагодена брзина во услови на намалена видливост. Увидот е во тек.

WebOhrid