18/04/2024
Македонија

Се расчистува пожарот во тетовска Шипковица

На 10.08.2021 во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект кој граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.