16/04/2024
Охрид

Се расчистуваа речните корита

Локалната самоуправа во соработка со јавното претпријатие “Охридски комуналец” и претпријатието “Трансрсиф” од Делогожда, денес, започна акција за расчистување на речните корита. Со акцијата беа опфатени реките “Грашница” по целата должина и реката “Сушица” по целата дожина, додека на реката “Коселска” се расчистуваше еден дел.