23/04/2024
Охрид

Се расчистуваат остатоците од снежни наноси

И денеска екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ продолжија со интензивни активности за расчистување на јавните површини по обилните снежни врнежи. Остатоците од снежните наноси рачно се расчистуваат од пешачките зони и  се посипуваат со абразивни средства заради превенција од ниските утрински температури.

Машинското товарење на расчистениот снег од чаршијата ќе се реализира вечерва после 23:00 часот кога нема голема фреквенција на пешаци.

Расчистувањето ќе се реализира на целата територија на општината, а се одвива етапно според приоритет и фреквентност на движење.