28/03/2024
Охрид

Се разубави дворот на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Акцијашите од здружението „Брег на младоста“,  поддржани од охридските јавни претпријатија спроведоа активности за расчистување , уредување и разубавување на дворниот простор од ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец. Впечатливите  и функционални реквизити се допадливи како за наставниот кадар  и учениците така и за   минувачите. По акцијата  училиштето„Ванчо Николески“ го  доби еден од најубаво уредените дворови  во наша општина.