28/03/2024
Охрид

Се реконструираат дрворедите на „Туристичка“ и „Асном“

Заради поволните временски услови екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со реализирање на годишната програма за 2018 год. за подигање и реконструкција на јавното зеленило на подрачјето на општина Охрид.

Екипите се на терен и се надополнуваат дрворедите на двете страни на ул. „Булевар Туристичка„  потег кружен тек кај гимназија до спортската сала „Билјанини Извори“, како и на  ул.„Асном“  потег ул.„Кеј Македонија“ до пресек со ул.„Булевар Туристичка“. На овие локации ќе се засадат 70 нови садници од видот јавор и јасен.