Се реконструираат санитарните јазли во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Во средното економско училиште, деновиве, започна реконструкција на санитарните јазли за учениците и професорите. Со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација, се поставува нова санитарија и плочки.

Санитарните јазли во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ за прв пат се реконструираат после 20 години. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 640 959 денари, а средствата ги обезбеди општина Охрид.