25/04/2024
Охрид

Се санира оштетениот дел од улицата „Ванчо Николески“

Денес, на дел од улицата „Ванчо Николески“ кој што подолг период беше оштетен започнаа активности за санација. Активностите се одвиваат на улицата „Ванчо Николески“, на потегот од Кеј „Македонија“ до пресекот со улицата „Партизанска“.

Во моментов се работи на проект за целосна нејзина реконструкција, а по изготвувањето на проектот ќе се пристапи кон нејзина целосна реконструкција.