20/04/2024
Охрид

Се свикува собир на граѓани во Шипокно, Рамне и Велестово

Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа,Член 106 од Статутот на општина Охрид и Правилата за работа на облаците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.

На 15.06.2022 (среда) со почеток во 18:30 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Свети Стефан, с. ШипокноСобирот ќе се одржи во основното училиште.

На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Рамне, с. РамнеСобирот ќе се одржи во домот во основното училиште.

На 15.06.2022 (среда) со почеток во 19:30 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Велестово, с. ВелестовоСобирот ќе се одржи во домот во с. Велестово.

На собирот ќе се врши избор на Совет на месна заедница.

Заради вршење избор на членови на совет на месна заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во горенаведените населени места.


WebOhrid / 08.06.2022 / Општина Охрид