25/04/2024
Регион/Свет

Се тресе тлото кај Драч

Денес во 16 часот и 4 минути беше регистриран силен земјотрес во Јадранско море кај Драч. Епицентарот беше почувствуван на целата територија на Албанија, но и во Македонија, Црна Гора, Србија, Грција и Косово. 

Според мерењата на Институтот за геонауки, енергија, вода и животна средина на Албанија, земјотресот е со интензитет од 5.6 степени според Рихтер, со епицентар кај Драч, на длабочина од 10 километри.

Во 16:15 часот следуваше уште еден потрес со интензитет од 5.2 степени.

Претходно денес во 11:37 часот на истото подрачје беше почувствуван помал потрес со интензитет од 3.2 степени според Рихтер.

WebOhrid