19/04/2024
Охрид

Се уредува паркот „Мазија“

Екипи на ЈП „Охридски комуналец” од денес започнаа со уредување на паркот „Мазија“.

Со акцијата е опфатено чистење на џбунастите растенија, кастрење на крошни и отстранување на сувите врби. Вкупно ќе се отстранат четири врби, кои се суви и не постои можност за нивна рехабилитација, бидејќи претставуваат опасност за граѓаните.