Се уредува просторот околу Градското пристаниште

На просторот околу Градското пристаниште и малиот плоштад до хотел „Александрија“, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на уредување по повод  претстојниот верски празник „Богојавление – Водици“ и „Денот на рибарите“.

Во тек е чистење на снегот и нивелирање на оштетените делови од подлогата од каде што влегуваат капачите по чесниот крст.