Се уредува просторот околу спомен обележјето на Живко Чинго

Во пресрет на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“,  се уредува просторот пред спомен обележјето на великанот на македонскиот расказ, македонскиот прозаист и писател  -Живко Чинго.

Во активностите за уредување на просторот  се поставија клупи , бекатон плочки и поставување на парковски рабници. Градежните работи ги извршува ЈП Градски гробишта.

Манифестацијата посветена на Живко Чинго ќе се одржи на 13.08.2019 година (вторник) со почеток во 20.00 часот.