28/03/2024
Охрид

Се уредува зелениот појас од Хидробиолошки завод до Св.Стефан

Ј.П. „Охридски Комуналец“ го уредува тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потегот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан.

Иако се работи за магистрален пат и одржувањето не е под наша надлежност, во интерес на граѓаните и туристите, нашите служби  рачно и машински го  косат тревниот појас на овој потег.