29/03/2024
Охрид

Се уредуваат дрворедите на неколку улици во Охрид

Екипите на секторот „Паркови и Зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве вршат пролетно уредување на дрворедот на улиците „Македонски Просветители“, „7-ми Ноември“ и на дел од булеварот „Туристичка“.

Се врши кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки и се врши оформување на крошните.

Уредувањето на дрворедите е дел од тековните и сезонски активности на јавното претпријатие, кои се предвидени за овој период од годината.